Овен (21.03 – 20.04)
Денес би можеле да бидете нервозни без некоја посебна причина. Емоциите ќе ви бидат на исклучително високо ниво. Другите нама да имаат разбирање за вашиот начин на комуникација. Можно е да се случи некој директно да ви каже се што мисли за вас во лице.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашиот мирен и бавен пристап кон работите би можел да ги живцира луѓето околу вас. Не таложете негативна енергија во вас, исфрлете ја преку некоја физичка активност. Ова е еден од оние денови кога треба да се наоружате со насмевка и трпение.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ова е добар ден за вас. Ќе бидете брзи и практични. Ќе сакате да си посветите малку повеќе внимание на себе си, односно на физичкиот изглед. Не се затворајте во домот, без оглед дали сте слободни, излезете и дружете се.
Рак (22.06 – 22.07)
Дадете се од себе за да го издржите денешниот ден. Не се срамете јасно и гласно да кажете што мислите без оглед какви ќе бидат критиките на околината. До некои ваши цели ќе стинете само доколку бидете дисциплинирани. Научете да штедите пари.
Лав (23.07 – 22.08)
Ова е одлично време за преземање на ситуацијата во ваши раце. Направивте се што е потребно за да се подготвите, денес е ден за иницирање на нешто ново. Соочете се со своите противници лице во лице. Енергијата ќе биде на високо ниво.
Девица (23.08 – 22.09)
Недостигот на финансии ве тера да ја менувате филозофијата на животот и да се приспособувате кон ситуацијата. Очекувањата од партнерот ви се намалени. Тоа ретко се случува, но денес ќе морате сами да донесете одлука која ќе смени многу работи во вашиот живот. Колегите се однесуваат чудно и кај вас предизвикуваат променливи емоции.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе бидете импулсивни и ќе имате потреба да кажете се што чувствувате веќе подолго време. Чувствувате дека повеќе не можете да издржите, дека морате да ги расчистите работите за да можете да направите нови почетоци. Партнерот веќе подолго време ве заштитува.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Односите со странство и со странци ќе ви бидат приоритет, но бидете внимателни и не внесувајте емоции во разговорите. Не мислете дека сите треба да играат по ваши правила. Доколку денес се занимавате со семејниот буџет, можно е да доживеете шок. Непланираните трошоци одеднаш ќе избијат на виделина и ќе ви предизвикаат нервоза.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Можеби сте подготвени да се одморите, но новонастанатите околности ќе ве вратат повторно на работа. Вам тоа не ви пречи, ама му пречи на партнерот. Тој ќе почне да приговара и да ја користи својата способност за манипулација за да ве одвлече подалеку од работата.
Јарец (22.12 – 20.01)
Патот кој сте го замислиле нема да можете да го изодите сами и ќе морате да побарате помош од пријател. Доколку сметате дека ако побарате помош ќе му бидете должник и нема да се чувствувате убаво, помирете се со ситуацијата во која се наоѓате. На љубовен план, ситуацијата е поедноставна. Како да дошло време во кое ќе уживате и нема да размислувате за идните чекори.
Водолија (21.01 – 19.02)
Притисокот кој го чувствувате и проблемите кои треба да ги решавате нема да ве заобиколат ни денес. Имате чувство како да се будите во ист ден и одново решавате исти проблеми. Доколку не застанете и не размислите како да го смените правецот на делување, одново ќе ви се случуваат истите работи.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес ќе бидете во конфликт со сите со кои ќе дојдете во контакт, вклучувајќи се и себеси. Имате потреба да се издигнете над ситуацијата и поради тоа ги менувате идеите од час во час. Колегите не сакаат да влегуваат во конфликт со вас и поради тоа ќе ве избегнуваат. Единствен кој може да ве разбере и да излезе на крај со вашата импулсивност е партнерот, но и тој е веќе на крај со трпението.