Овен (21.03 – 20.04)
Обрнете внимание на различните информации кои укажуваат на некое практично и корисно решение. Изненадете го саканото лице со необични идеи.
Бик (21.04 – 21.05)
Нечии одговори можете да ги толкувате на различни начини. Сочувајте го личното достоинство во исчекувањето на подобра прилика.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Претерано тактизирате и губите драгоцено време на одлуки. На средба со саканото лице бидете искрени и реални. Ќе се чувствувате добро.
Рак (22.06 – 22.07)
Вашиот деловен успех произлегува од добро осмислените планови и прецизните потези. Дозволете си на себе си ново уживање и задоволство.
Лав (23.07 – 22.08)
Имате чувство дека ви недостасуваат доверливи информации. Прашајте ги надредените за помош. Немојте да дозволите малите недоразбирања да влијаат на односот со партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Внимателно бирајте ги зборовите кои ги користите во својот настап или на средбата со соработниците. Премногу внимание им посветувате на некои споредни случувања.
Вага (23.09 – 22.10)
Не можете да влијаете на текот на преговорите. Опуштете се. Потребно е да остварите хармоничен дијалог со саканото лице. Потрудете се повеќе.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Некој не обрнува внимание на вашиот деловен авторитет или на коментарите кои ги упатувате. Нема причина да се однесувате премногу строго кон своето семејство.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Сјајно умеете да го предвидите текот на случувања и можниот расплет на деловна сцена. Потребно е да остварите свој внатрешен мир и задоволство.
Јарец (22.12 – 20.01)
Бидете доволно одговорни и не постапувајте избрзано. На средбата со саканото лице првиот впечаток може лесно да ве излаже.
Водолија (21.01 – 19.02)
Избегнувајте ја личноста која внесува дополнителна нервоза во вашето опкружување. Потребно е подобро да ги разбирате работите кои партнерот упорно ги премолчува.
Риби (20.02 – 20.03)
Обидете се да пронајдете некое ефикасно и обиколно решение со цел да ги намалите деловните притисоци. Делувате вознемирено, но партнерот знае на кој начин може да ве инспирира.