Овен
Повеќето нови познанства кои ќе ги имате денеска, во склоп со вашата природа, склони кон разновидни контакти, ќе ве натераат да ги преиспитате своите досегашни емотивни врска. Некои нови лица ќе ви се присторат веќе на прв поглед интересни за остварување на долготрани односи. Потребно е, сепак, во тие контакти да внесете и одредена доза на претпазливост. Здравје: многу добро.
Бик
На работното место ќе затаите, па и резултатите не се ништо посебно. Ви недостасува енергија, а тоа ќе биде видливо и за околината. Затоа ние ве советуваме да се завртите денеска повеќе кон себе си и на вшите најмили. Повикајте дома друштво или вие однете некаде, не останувајте дома сами. На некои претставници ќе му се исполни некоја љубовна желба. Здравје: внимавајте на исхраната.
Близнаци
Моменталниот застој на работен план ќе биде причина за привремено влегување во слепа улица. Не ќе можете да чекате, сакате брзо да живеете и ќе бидете склони кон авантуристични потези. Можеби ќе добиете понуда за патување во странство, или ќе ве посети некоја личност од далеку. Поседувате голема желба за работа и полни сте со физичка енергија. Здраствената состојба ви е супер.
Рак
Се обидувате да ги завршите одамна започнатите работи и ќе успеете во тоа доколку работите напорно и давате се од себе. Бидејќи во семејството ве очекува некоја поголема промена можеби принова односно се она што вас ви е особено важно, не се оптеретувајте со други непотребни работи односно работи кои само ве заморуваат. Договорете средби со пријателите и нека ве водат само позитивни мисли.
Лав
Интересно ви е флертувањето само за проверка на својата умешност. Сватете дека врската во кој се наоѓате можеби е она што го сакате. Ако сте сами ве чека интересно познанство. Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограничен пристапот. Ќе успеете да заработите одлична сума на пари, поради што ќе бидете задоволни. Здраствената ситуација не ви е стабилна ве очекуваат проблеми со зглобовите и коските.
Девица
Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност. Сепак дипломатската игра ќе биде вашето најако оружје.
Вага
Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради денешните должности воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе. Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас. Искористете го тоа. Здравје: солидно.
Скорпија
На работното место ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците. Размислете тоа може скапо да ве чини. Во поглед на емоциите ќе зрачите со магнетска привлвлечност. Со неколку вкусно одбрани модни детали ќе ги истакнете своите најубави особини. Вашата популаност во друштвото ќе порасне, а љубовната врска ќе достигне нови продлабочени димензии.
Стрелец
Одредени работи никако да тргнат , а вашата кариера има еден неизвесен тек, вас сеуште ви стои некој проект, работа или задача во која секојдневно можете и морате да се докажете. Потрудете се околу тоа. Во љубовта нагласен сексуален апетит, а некои ќе имаат авантура со личност која долго време физички ве привлекува. Ако сте во врска, вниманието од партнерот многу ќе ви значи. Здравје: чуствително.
Јарец
Многу ќе бидете задоволни како со деловниот така и со семејниот живот. Обидете се ваквата сосојба да је претворите во трајна. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Доколку се оптеретувате и размислувате за лошите колегијални односи само ќе се нервирате, а ништо нема корисно да направите. Уживајте во кругот на семејството. Здравје:чуствително -главоболки.
Водолија
На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате исцрпеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле. Ако сте слободни, веќе согледувате дека сте многу блиску до освојувањето на симпатијата. Здравје: нежно.
Риби
Размислувате за уметност, филозофија и сите други пријатни работи. Доколку не сте конкретен актер овие настани на индиректен начин како што тоа Рибите обично го прават се обидувате да пронајдете компензација за незадоволство. Превземете нешто поконкретно. Тргнете во акција. Само така ќе бидете повеќе исполнети и ќе имате повеќе пари. Здравје: чуствително внимавајте од високи температури.