Овен
На работното место задачите ќе ги извршувате онака како што се бара од вас. Некои ќе забележат успех и напредок. Комуникациите ќе ви бидат средни, но со позитивен предзнак. Што значи дека вашите контакти добро ќе се развиваат и дека ќе можете да склопувате доста добри договори. Поголмиот број на плеанети ви се наклонети. Љубовниот живот ви е добар ќе имате подршка од вашиот партнер. Здравје: добро.
Бик
Вашиот јавен живот доминира над вашата приватност. Некои од вас ќе го запостават партнерот или од него очекуваат да се прилагоди на вас особено родените во втората декада. Односот со родителите или децата ви е одличен и вашето задоволство се зголемува. Обидете се со околината да задржите чисти сметки. Здрствената ситуација ви е помалку чуствителна внимавајте на забите и намалете со слатката храна.
Близнаци
Се повеќе настани ве очекуваат во денешниот ден. Ви се закаснуваат и стресови кои можат да бидат и доста непријатни за вас. Ве советуваме да избегнувате било какви важни одлуки, бидејќи психички ќе бидете многу напнати. Ќе бидете склони кон кавги и расправии за кои подоцна ќе зажалите. Сентименталните односи ќе бидат доста напнати, па затоа не е добро да донесувате некои поважни одлуки. Здравје: чуствително
Рак
Можете да започнете со поголеми и важни работи, а ќе можете да развиете и некои нови проекти. Ќе се чуствувате се подобро, па и вашето расположение ќе придонесе за подобар успех. Ќе имате многу добри односи со претпоставените, па затоа сега е одличен ден за важни разговори и договори. Во емоционалниот живот ве очекуваат моменти на љубов и разбирање со вашиот партнер. Здравје: многу добро.
Лав
Ве очекуваат нешто повеќе тешкотии во меѓучовечките односи кои стануваат се посложени. Избегнувате контакти кои не се неопходни. Ќе бидете доста незадоволни, па ќе се почуствувате занемарено, неправедно отфрлени и сл. Без грижи тоа е само моментално и набрзо ќе исчезне. Во интимниот живот во сериозните врски ве очекуваат проблеми со партнерот кои можат да се зголемат. Внимавјате. Здравје: просечно.
Девица
Моменталната ситуација не ви е најповолна. Ви се заканува и напнатост. Неповолните аспекти од планетите ќе бидат многу нагласени, па во некои делови од вашиот живот ќе имате повеќе тешкотии затоа најдобро би било да не започнувате поголеми и важни работи. И во љубовта ситуацијата не е многу поразлична. Особено ќе треба да внимавате на вашето однесување кон партнерот. Здравје: просечно
Вага
Ќе бидете се позадоволни и помирни и пред вас се се поголеми шанси. Ќе имате многу добри аспекти за почеток на долготрајни работи и работи кои се поврзани со совладување на отпор односно борба. На тој план можете да очекувате и значајни успеси. Ќе имате многу енергија и упорност, па се подобро ќе се чуствувате. Во љубовниот живот ќе бидете се позадоволни и наклонети кон нови познанства. Здравје: добро.
Скорпија
Вашата ситуација во моментот не е лесна, но не е и сосема неповолна. Ве очекуваат непријатности во комуиникациите особено со претпоставените. Ќе се најдете во ситација која ќе ве изненади, па нема да реагирате на најдобар начин. Не започнувајте нови работи особено ако се поврзани со пари или странство. Во големите замилси не ви претстои голем успех. Сентименталните односи ви се просечни. Здравје: добро.
Стрелец
Енергијата ви е на високо ниво. Денеска најповеќе ќе се занимавате со совладување на отпорот и ублажување на различните удари. Бидете особено внимателни во пошироките комуникации, бидејќи соработниците не ви се особено наклонети. Емоционално сте напнати, обидете се тоа да не го префрлите и врз партнерот. Односите во семејството помалку ве нервираат. Бидете потолерантни.
Јарец
Одличен ден за некои помали работи и контакти како работни така и приватни. Ќе имате доста добри односи со претпоставените, па вашите работи ќе напредуваат. Амбициозните проекти не ви се добро аспектирани но се очекуваат подорување. Теба да бидете поупорни и потрпеливи ако сакате да напредувате. Љубовниот живот полека се средува, и не дозволувајте некој да се попрчи помеѓу вас. Здравје: многу добро.
Водолија
Неповолните аспекти можат да ви донесат незгодни недоразбирања особено со луѓето од кои зависите. Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените, бидејќи на тој план може да има неочекувани недорзбирања кои лошо ќе делуваат врз вас. Затоа најдобро е што помалу да се дружите и најповеќе внимание да посветите на работата. Во љубовниот живот просечна ситуација. Здравје: внимавајте на храната.
Риби
Ви се закануваат опасности во еден дел од вашиот живот кои нема да ги почуствувате во полна сила. Односите со претпоставените ви се добри и поголемиот број на работи ќе ви бидат успешни. Сепак се чини дека вашата позиција е доста нестабилна, па сите тие добра можат да исчезнат. Ве очекуваат кавги и расправии за кои најчесто ќе бидете предизвикувани. Обидете се накеко да избегнте конфронтации.