Овен
Постојат големи шанси парите да ги вложите онаму каде што најмногу ќе ви се исплати односно дупло ќе ви се вратат. Ве очекува некоја особено пријатна посета или пак самите ќе изненадите некој на таков начин. Конатактите ви се одлични. Во врска со вашето семејство ќе владее хармонијата и љубовта. Не дозволувајте обврските да ви пречат во намерата да се забавувате. Здравјето добро ве служи.
Бик
Трпението ќе ве напушти. Долго сте очекувале нешто и сега веќе имате чуство дека некој со вас си поигрува. Затоа рзгледајте ја целата ситуација комплетно и дознаете на што сте. Љубомората ќе ве измачува, а вашиот партнер ќе има проблеми да воспостави нормален однос со вас. Таквата ситуација негативно делува врз вашата љубовна врска. Здраствената состојба ви епросечна, одете на прошетка во природа.
Близнаци
Сеуште не можете вашата концентрација да ја насочите кон една цел. Ќе бидете распрскани на сите страни и ќе се чуствувате заморено, затоа посветете повеќе внимание на пријатни работи кои не ви претставуваат никакво оптеретување. Посветете повеќе внимание на вашето семејство на пријателите и не претерувајте со работата. Здравје: чуствително ако спортувате внимавајте од повреди.
Рак
Моменталната поставеност на планетите навестува многу акција и настани. Ќе бидете многу немирни и емоционално нестабилни. Не донесувајте нагли одлуки и не решавајте за ништо важно, бидејќи ќе бидете под влијание на спротивставување на желби, па и вашето однесување ќе биде непредвидливо. Емотивните односи ви се нестабилни особено кај оние во сериозните врски. Здравје: добро.
Лав
Работите ви се одвиваат онакак како што посакувате. Во овој момент не треба да очекувате стресови. Ќе имате и доста енергија, но морате да внимавате да не претерате, бидејќи ќе бидете помалку немирни и склони постојано некаде да некаде брзате. Во љубовниот живот се е вообичаено. Слободните претставници на овој знак ќе имаат средба со личност која многу ветува. Бидете паметни. Здравје; добро.
Девица
Ситуацијата ви се подобрува. Ќе имате се повеќе енергија, па ќе постигнувате подобра концентрација и успех во потешките работи. Вашата позиција е стабилна иако не постојано и пријатна. Комуникациите ви се нешто подобри, но сеуште се можни повремени недоразбирања како со претпоставените така и со соработниците. Во емотивниот живот работите се одвиваат по ваша желба, но не претерувајте со барањата. Здравје: добро.
Вага
Размислувате за зголемување на вашата материјална ситуација. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Можеби е најдобро за тие прашања отворено да поразговарте со вашиот партнер и да најдете заедничко решение. Емотивниот живот и здравствената состојба без поголеми промени.
Скорпија
Со причина ќе бидете загрижени за понатамошниот развој на случувањата врзани со работното место. Моменталните случувања се доста сериозни, но секако дека вие не сте единствени кои се соочувате со преоблемот. До вас се вашите колеги кои ќе ви помогнат да ја пребродите моменталната ситуација. Што се однесува до љубовта расправиите кои ќе ги имате со вашиот партнер се доста негативни за врската. Здравје: добро.
Стрелец
Одличен ден и работите се подобро ви напредуваат. Комуникациите ќе ви бидат се поуспешни и ќе бидете опкружени со многу луѓе. Добро ви се аспектирани и односите со претпоставените, па затоа денот е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент. Имате многу изгледи за успех во работите со странство и за деловни патувања. Приватниот живот ви е стабилен а вашата љубовна вска ја зацврстувате.
Јарец
Извршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики , дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна. Работете повеќе со мозокот а помалку со срцето, бидејќи во спротивно ќе имате поголеми проблеми. Здравје; внимавајте на кожата, забите и коските.
Водолија
Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни што правите и каде ги вложувате. Во семејството ве очекува пријатна домашна атмосферара каде целосно ќе се опуштите.
Риби
Заборавете на ветувањето кое сте му га дале на некоја ваша блиска личност, бидејќи не ќе бидете во состојба да го исполните. На работното место ќе се соочите со препреки. Најдете подобро решение за проблемот. Финансиите ви се одлични но внимавајте, бидејќи трошите без контрола. Во љубовниот живот ве очекуваат новини кои се добре дојдени за вас во моментот. Здравје: внимавајте од вируси.