Леонардо ди Каприо го привлече вниманието на фотографите во Лос Анџелес.
49-годишниот актер е фотографиран во друштво на модната дизајнерка Стела Макартни (52). Тие ручале заедно, а Page Six пишува дека се сретнале за одржливи проекти. Ди Каприо излезе во лежерно издание – во бела маица, сиви панталони и со капа на главата. Дизајнерката пристигна во црна облека.
Актерот неодамна беше во јавноста и поради гласините за можна свршувачка со 25-годишната Италијанка Виторија. Актерот и моделот беа фотографирани на состанок во Беверли Хилс, каде што се почестија со бурито во киоск за брза храна на улица. Вниманието го украде новиот нејзин прстен на левата рака, по што веднаш почна да кружат гласини за свршувачката на парот.
Извор близок на парот подоцна изјави за Page Six дека Леонардо и Виторија не се свршени и дека таа го носи ова парче накит долго време.