Леонардо ди Каприо е снимен со пејачката Тејана Тејлор (33) на забава во Беверли Хилс.
Изгледале многу интимно, а 49-годишниот актер во еден момент ја стави раката на голиот долен дел од грбот на Тејлор. Фотографиите брзо се раширија на социјалните мрежи, а многу фанови почнаа да се шегуваат дека Тејана е премногу стара за Ди Каприо.
Имено, Леонардо ди Каприо е познат како маж кој сака подмлади жени (особено оние под 25 години). Извор близок до актерот за ТМЗ изјавил дека „нема ништо романтично меѓу актерот и Тејана и дека нивната средба на забавата била пријателска“.
Инаку, минатиот јануари Тејана тајно поднесе барање за развод од сопругот Иман Шумперт, со кого се омажи во 2016 година. Според судските документи до кои дојде TMZ, пејачката го обвини поранешниот НБА играч дека е „љубоморен емоционален насилник кој бил несигурен затоа што била толку позната“. Таа исто така тврди дека нејзиниот поранешен „се однесувал сурово кон неа и покажувал екстремно нарцисоидно однесување во поголемиот дел од нивниот брак“.