Струшкиот ди џеј Томе Кукунеш деновиве го крева расположението на стружани пуштајќи музика од својот балкон.
Според видеото кој го објави на Фејсбук, Кукунеш својата диџеј опрема ја поставил на даска за пеглање, и од таму времето го крати со музика од различни музички стилови.
„Се одлучив да пуштам музика на тераса, од една причина, а тоа е да заборавам на моменталната ситуација, но и преку музика да го подигнам духот колку што можам повеќе“, вели Кукунеш за Гласот на Америка.
Posted by Kukunes Tome on Saturday, March 21, 2020