Познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов синоќа е хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники.
Според информациите кои ги пренесе „Скопје инфо“ тој во тешка здравствена состојба е примен во болница.
Неофицијално, причината за хоспитализацијата е обилно мозочно крварење.
Познатиот македонски музичар и основоположник на PMG production, има одиграно во неколку театарски претстави и филмови.