Некогашната мисица Дијана Милојковиќ почина на 33. години после долга борба со карцином. Дијана била полна енергија, а животот ѝ се претворил во пекол после еден рутински преглед.
„Никогаш не ни помислував дека тоа може да ми се случи. Отидов кај гинеколог бидејќи ми доцнеше циклусот. Тестовите покажаа дека имам карцином. Немав никакви проблеми пред тоа. Бев во болница 4 месеци. Се трудев да бидам позитивна. Исхраната ја променив. Ги исфрлив млечните производи и месото. Сегашните резултати се подобри од претходните. Се надевам дека ќе бидат уште подобри на крајот на ноември, кога ќе одам на контрола“, рекла Дијана Милојковиќ во едно интервју.
-Најтежок момент имав кога дознав дека ракот метастазирал. Тоа ме пресече. Имал 25 надворешни зрачења и четири внатрешни. Тоа беа многу силни зрачења. Од хемотерапијата се чувствував малаксано, имав и мачнини и секакви симптоми, но многу потешки беа внатерешните зрачења. Како и на секоја жена, првата работа која ми падна на памет е дека ќе останам без коса. Додека без дома со момчето, често велев дека сега сум келава и дека не сум убава – кажала Дијана и испратила апел до сите жени да одат на редовни контроли.
Инаку, нејзината кариера ја обележи победата на изборот за Мис на Србија во 2009. година. На натпреварот во Бејрут 2014. година, станала и Мис на Европа како и Мис на спортот, па продолжила да работи како модел.