„Викаат дека имаат срчи или како стакло да имаат во белите дробови“, вака ја објаснуваат болката заразените македонски пациенти од Ковид-19, вели пулмологот проф д-р Дејан Докиќ за 360 степени.
Како што појаснува професорот Докиќ, поради слабиот доток на кислород во крвта, страдаат сите органи, меѓу кои најмногу мозокот. Доколку дојде до најтешката форма, докторот вели дека се распаѓаат белите дробови, поради што пациентите се приклучуваат на респиратор.
„Тие пациенти толку тешко и плитко дишат, практично се гушат како риба на суво“, објаснува професорот Докиќ за “360 степени“.