Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ), Васко Кичевски бил снимен на корона-журката која синоќа се одвиваше во кафе-барот „МОШ – објави стандард.мк.
На снимките кои се шират на социјалните, наводно, се гледа и директорот на ПОЦ во преполниот кафе-бар.
“Кластер МОШ во најава. Братми @VFilipche , ај прашај го директорот на ПОЦ Васко Кичевски како си поминал синоќа во МОШ после 21 часот. Се надевам исто и @o_spasovski ќе ни објасни што и како преземал за ова лумпување после 21 часот. А директоров на ПОЦ ОСТАВКА. Се друго е смешно“, пишува на објавата на Твитер.
Инаку, синоќа полицијата интервенирала во „Мош“ и бркала гости кои биле во локалот во 23 часот, два часа после забраната за гости, мерка донесена од Владата.
„Полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот пазарен инспекторат, вчера вечерта при контрола во угостителски објект на улица „Дебарца“ во Скопје констатирале дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, а во објектот биле затекнати 20 до 30 гости. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност“, стои во соопштението на МВР.
Кластер МОШ во најава.
Братми @VFilipche, ај прашај го директорот на ПОЦ Васко Кичевски како си поминал синоќа во МОШ после 21 часот.
Се надевам исто и @o_spasovski ќе ни објасни што и како преземал за ова лумпување после 21 часот.
А директоров на ПОЦ ОСТАВКА.
Се друго е смешно. pic.twitter.com/1UEIBWuhPB— Фортификација (@Fortiifikacija) December 18, 2020