Оперскиот пејач Игор Дурловски преку Фејсбук сподели соопштение кое било поставено пред службениот влез на Национална опера и балет. Според соопштението директорот Васо Ристов забранил вработените да ги хранат мачките околу објектот, ако не ја почитуваат забраната ќе бидат казнети. Дисциплински казни ќе добијат вработените, додека, пак, на хонорарците кои хранат мачки им се заканува отказ од НОБ.
– За непочитувањето на забраната, вработените ќе одговараат дисциплински, а за хонорарните соработници ќе се преиспитува неопходноста од нивниот натамошен ангажман. Со почитувањето на оваа забрана ќе се придонесе за подобрување на хигиенската состојба на објектот и намалување на можностите за внесување на зарази и паразити – пишува во соопштението од директорот Ристов упатено до вработените и хонорарците во НОБ.