Една од најпрестижните јапонски болници „Кеио“ потврди дека еден доктор бил позитивен на коронавирусот во текот на минатата седмица, а меѓу 98-те доктори кои што подоцна биле тестирани, вирусот бил потврден кај 17 од нив.
Од болницата потврдија дека 40 доктори кои стажирале биле заедно на прослава после работа, при што на самата прослава се проценува дека се заразиле 14 од нив. Директорот на болницата Јуко Китагва се огласи и таквото однесување на докторите го нарече „непростлива грешка“.
Забавата била организирана на 26-ти март, ден подоцна откако градоначалничката на главниот град Токио, Јурико Коике ги повика граѓаните да останат дома за време на викендот и да се воздржаат од собирања.
Инаку, јапонската болница упати извинување.