Директорката на едно училиште во американската сојузна држава Џорџија е под обвинение откако е откриено дека таа им дала алкохол на своите малолетни ученици за време на забава за Ноќта на вештерките, а имала сексуални односи со еден ученик.
Рејчел Луиз Тери (43) е уапсена по повеќе кривични пријави, соопшти локалната полиција.
Тери работела во тоа училиште повеќе од 20 години, додека полицијата не добила повик за забава на која имало алкохол.
– Сметаме дека тоа е пријава на родителите – изјави началникот на полицијата Џими Девенпорт, пренесува NY Post.
Откако полицијата спровела истрага, Тери сега е под обвинение за силување, злоупотреба и давање алкохол на малолетници.