Мелиса Картер, директорка на основно училиште во Клевистон, округот Хендри, Флорида, е снимена како удира шестгодишно дете со широка палка, а на сцената била сведок шокираната мајка на ученичката која пријавила сè во полиција.
Неименуваната мајка, која не зборува течен англиски јазик, за Винк њуз изјавила дека била повикана на училиште откако наводно нејзината ќерка уништила училишен компјутер.
Таа рече дека не знаела за што станува збор се додека не дошла на училиште на 13 април да плати казна од 50 долари.
Потоа ја однеле во канцеларијата на директорката каде веќе била нејзината ќерка, по што Картер го извадила стапот и го удирала девојчето по задникот.
Флорида е една од 19-те сојузни држави во САД кои сè уште дозволуваат физичко казнување во училиштата, но праксата е забранета во округот Хендри.
Мајката рече дека не знаела што да прави и дека се плашела дека ако се вклучи и таа ќе се најде во неволја поради нејзиниот имиграциски статус.
Затоа, таа го снимила инцидентот.
– Никој не би ми верувал. Ја жртвував ќерка ми за другите родители да знаат што се случува во нашето училиште – рече таа и го опиша текот на настаните.
– Кога влегов во канцеларијата, директорката започна да вреска. Немаше камери. Се прашував што правиме јас и ќерка ми таму, сами. Никогаш порано не сум ја удрила ќерка ми, особено не со омразата што ја направи таа.“
Мајката веднаш ја одвела својата ќерка на лекар за да ги забележи модринките предизвикани од ударите. Мајката, вели таа, сега е позагрижена за психолошкиот ефект што тепањето го имало врз нејзината ќерка.
Адвокатот ангажиран од мајката на девојчето, Брет Провински, рече дека тие го разгледуваат случајот и дека можат да ја тужат директорката, како и друга вработена што се гледа на снимката, Сесилија Селф, која требало да биде таму за да и преведе на мајката што се случува.
Ниту директорот ниту училиштето не одговориле на барањата за коментар.
A 6yo child in FL. was beaten by her school principal, in front of her mother, for damage she allegedly caused to a computer. ⚠️ this video is graphic. It’s infuriating, outrageous & shocking & the principal is now under criminal investigation. https://t.co/M3cIZeTMKa pic.twitter.com/HPAcbYXlXe
— David Begnaud (@DavidBegnaud) May 2, 2021