Директорката на ООУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, Матилда Бајкова, на страница за астрологија на „Фејсбук“ прашува дали ќе добие втор мандат. При вклучувањето во живо на астрологот Мирјана Мирковиќ од Србија во неделата, во еден од коментарите Бојкова го пишува нејзиниот датум на раѓање за да провери дали ќе продолжи да го води скопското училиште.
Бајкова повторно го постави прашањето кон крајот на емисијата, но и по вторпат не доби одговор.
Мирковиќ редовно се вклучува во живо на „Фејсбук“ и чита што велат ѕвездите заедно со сопругот кој гледа на тарот карти:
Бајкова, пак, е професорката по македонски јазик и литература, а во 2017 година, кога работеше во три училишта во Карпош, по повод Меѓународниот ден на учителот доби признание „Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образованата дејност за учебната 2016/2017 “.