Директорката на агенција задолжена за решавање на проблемот со бездомници во Сиетл, Кира Зилстра, беше принудена да си даде оставка од директорската позиција откако беше откриено дека парите од даночните обврзници со кои требало да ги решава проблемите на бездомниците, ги трошела на стриптизерка.
Зилстра ангажирала трансродова стриптизерка наречена Бијонсе Блек Св. Џејмс да ги забавува гостите на годишната конференција, а независниот новинар Кристофер Руфо објави видео од нејзиниот настап на Твитер и ја праша агенцијата за што ги трошела пари од даночните обврзници наменети за решавање на проблемот со бездомниците.
„Со години тврдат дека им се потребни повеќе ресурси за решавање на бездомништвото, но видеото покажува дека е совршено прифатливо за нив да ги трошат парите на даночните обврзници за ангажирање стриптизета“, напиша тој.
Last week, Seattle and King County leaders hired transgender stripper Beyoncé Black St. James to perform at their annual conference on solving homelessness.
Here's how they're using taxpayer money: pic.twitter.com/J0lCKVVfgO
— Christopher F. Rufo (@realchrisrufo) December 15, 2019