Меѓу тројцата лекари и една медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести, кои се позитивни на коронавирусот, е и директорката на клиниката Милена Стевановиќ.
Според информациите на Канал 5 таа добила позитивен тест минатата недела и се лекува во домашни услови. На домашно лекување и со полесни симптоми се и останатите инфицирани.
Од Министерството за здравство велат дека во моментов нема случај на кластер или поголема бројка на заболени од ковид во склоп на скопските клиники.
Ова доаѓа само десетина дена откако откако на Клиниката за нефрологија се заразија повеќе од 20 вработени во исто време.