Амбасадорот на Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај, одбива да го прифати указот од претседателката Вјоса Османи Садриу за негово разрешување и се заканува дека и физички ќе ја брани својата позиција, објави српскиот портал Новости.
Дедај ваква порака му упатил на новоименуваниот вршител на должноста амбасадор Приндон Садриу, сопруг на претседателката на Косово, кој досега беше советник во Амбасадата.