Балканската музичка ѕвезда, Дино Мерлин, направи концерт за паметење на дочекот на Новата 2020 година. Над 50.000 граѓани уживаа во хитовите на популарната ѕвезда.
Скопскиот плоштад беше преполн, а расположени луѓе од цела Македонија, но и од околните земји, решија токму тука да го проследат доаѓањето на Новата 2020 година.
На неколкучасовната забава организирана од Град Скопје, пред Мерлин граѓаните ги забавуваа и групите „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“.
Град Скопје најави дека за мега ѕвездата Дино Мерлин нема да платат ниту еден денар, односно дека неговиот хонорар ќе биде платен единствено од спонзорите.
Воедно, со овој концерт завршува и „Винтерленд“, или зимскиот град кој втора година по ред се организира на скопскиот плоштад.
Posted by Петре Шилегов on Tuesday, December 31, 2019