Дине Гуџов, сопственик на сервисот за гуми Вулканизер Дине“ е еден од хероите кој храбро се бореше со огнената стихија што ја зафати околината на езерото Младост, како и на Башино село.
Имено, додека пожарникарите со вода го бранеле плацот, Дине влегол во магацинот и од него со виљушкар изнел 12 оксигенски боци спречи голема експлозија која најверојатно ќе се одразеше над бензинската пумпа и Башино село па и над Велес.
“Спасивме голема катастрофа што можеше да се случи кога орнот висок осум метри се префрли преку автопатот Скопје – Велес и влезе во дворот на „Вулканизер Дине“. Додека пожарникарите со вода го бранеа плацот храброста на сопственикот да влезе во магацинот и од него со виљушкар да изнесе 12 оксигенски боци спречи голема експлозија која најверојатно ќе се одразеше над бензинската пумпа и Башино село па и над Велес.Сакам да им се заблагодарам на помошта на сите кои се одзваа на повикот за помош и помогнаа во справувањето со огнената стихија на езеро Младост“, рече Љупчо Липидовски, командирот на велешката Територијална противпожарна единица.