Не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател на државата, порача вечерва во „24 Отворено“, министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој вели дека изборот на кандидат се наоѓа во процес на консулатции, преговори, а се проверува и мислењето на граѓаните на анкети.
Тоа што се споменува моето име како можен кандидат за претседател е чест. Можеме да влечеме поуки од изминатите години и сето она што се случуваше како аболицијата, непотпишувањето на законите, има многу лекции за учење. Дебатата дали сакам да бидам претседател ја водам сам со себе. Јас сум човек кој што води значаен сектор, а не е член на партија, тоа е една важна работа. Од сево ова произлегува дека не ја исклучувам можноста да се кандидирам за претседател, изјави Димитров.