Веста дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е позитивен на ковид-19 го потресе светскиот спорт. Турнирот „Адрија турот“кој беше организиран од Ѓоковиќ доживеа вистински колапс со неколку заразени тенисери. Од Белград турнирот продолжи во Задар, а требаше да се одржи уште и во Бања Лука и Сараево.
Србинот на двапати се јави и се извини во јавноста за штетата која ја нанесе без никаква лоша намера.
Ѓоковиќ се соочи со реалноста, и со второто соопштение призна дека пораниле со турнирот и ја призна грешката, но додека најголем дел од јавноста и светските медиумите фрлаат „дрва и камења“ кон светскиот рекет број еден, неговиот татко го посочи главниот виновник за цела оваа непријатна ситуација.
Турнирот „Адрија турот“кој беше организиран од Ѓоковиќ доживеа вистински колапс со неколку заразени тенисери. Од Белград турнирот продолжи во Задар, а требаше да се одржи уште во Бања Лука и Сараево.
Татко му на Новак, Срѓан Ѓоковиќ е познат по своите контроверзни изјави кои ги дава за ривалите на својот син, а во тој контекст оди и последната, бидејќи тој гледа на Григор Димитров како главен виновник за целата ситуација (Бугаринот беше прв кој пријави позитивен тест).
– На никој не му е сеедно поради оваа ситуација, па ниту на Ноле. Тоа е што е, од ова мора да излеземе посилни и мораме да сфатиме дека ова мора да пројде.
– Зошто се случи сето ова? Поради тоа што Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде и потоа се случи тоа што се случи. Ви нанесе голема штета на вас Хрватите и на нас како семејство и на сите Срби, – порача Срѓан во интервјуто за „РТЛ“.