Во неговиот квиз „Арена“ е навикнат да дели подароци, па тоа му стана пракса и надовор од ТВ студиото. ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски, е непрепознатлив на оваа фотографија, облечен како Дедо Мраз.
Димитар се маскираше на забавата со неговите колеги кои го бендисаа во дедомразовската облека.
Во септември, Димитар и неговата сопруга, музичарката Сара Мејс станаа родители на Илина.
“Таа е многу мирно бебе. Димитар ми помага околу сите обврски“, изјави Сара по раѓањето на ќерката.