Актерот Диме Илиев завчера ја одигра последната претстава и со бурни апалузи беше испратен од сцената на театарот . По повод неговото пензионирање покрај него на бината му аплаудираа неговите колеги, додека пред бината публиката го награди со неколку минутно ракоплескање.
-Ми припадна должноста да му го предадам решението за пензионирање на Диме Илиев. Тој беше, благо речено, очаен. Очаен! Веќе беше на другата страна, но сосема непотребно, затоа што ние глумците немаме години. Овде со нас е и првиот директор на Драмски театар, господинот Ристо Стефанов, кој кога мене ме прими на работа над 30 години беше директор, а еве и јас сум речиси триесет и седум години на работа. Па, сите ние сме уште деца! Значи Диме нема веќе да зема плата, туку хонорар – порачала неговата колешка Катерина Коцевска.
Повеќе во фокус.мк