Една од најпопуларните и најубавите спортски новинарки во светот, Дилета Леота, по паузата поради породувањето се врати на својата работа и повторно блеска со стил на терените во Серија А каде известува за малите екрани.
Така беше и вчера вечерта на Сан Сиро, каде што се приклучи како известувач од дербито меѓу Интер и Наполи.
Натпреварот заврши со резултат 1:1, а на многу фанови фудбалот им беше во втор план кога ја видоа атрактивната водителка, а особено како е облечена.
Таа се одлучи за провокативна комбинација во кафена боја, каде имаше проѕирна блуза, кој не оставаше многу простор за фантазија, па многумина можеа да ги видат нејзините атрибути и гради што ги истакна во преден план.
Таа по мечот се огласи и со порака: „Голем натпревар“.
Коментарите постојано доаѓаа и таа добиваше многу комплименти, а многумина останаа шокирани од коментарот „Mamma mia“.
Имаше и многу духовити коментари, како на пример дека „толку зумирале, што дошле во соблекувалната“.
Да потсетиме, Дилета Леота е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, со кого ја има ќерката Арија.
Таа со години важи за најатрактивната водителка во Италија, но и воопшто во целиот свет.