Осудениот дилер на дрога од Велс, Јан Чешир испратил барање до судот и полицијата да му се одложи затворската казна оти имал уплатено одмор во Франција. “Нормално“, судот му ја одбил жалбата на 48-годишниот осуденик, а судијата навел дека немал слушната нешто пошокантно во последно време.
-Не си над законот – му рекол судијата.
Инаку, Чешир бил фатен со хероин во вредност од 5.000 евра, а имал и кај себе и нож. Тој уште тогаш барал да му се одложи казната за да може да си го истера неговиот традиционален двомесечен одмор во Франција.