Девојката која успеала да побегне од Северна Кореја на својот „You Tube“ канал открила дека диктаторот Ким Џонг-Ун секоја година избира 25 девици за својот фамозен „Одред за задоволство“, пишува „Daily Star“.
Девојките се бираат по нивната физичка привлечност, тврди 30-годишната Џеонми Парк, но и поради нивната политичка лојалност.
Парк вели дека ’агентите‘ на Ким ја забележале во два наврати поради тоа што била лојален следбеник на партијата, но никогаш не ја избрале поради нејзиниот „семеен статус“.
Најмалата маана на телото значи дисквалификација
„Упаѓаат во сите училници, ги обиколуваат дури и училишните дворови за случајно да не пропуштат некоја згодна девојка“, зборувала таа.
„Кога ќе најдат убави девојки, го проверуваат нивниот семеен и политички статус. Така, тие ги елиминираат девојките чии членови на семејството пребегнале или имаат роднини во Јужна Кореа или други земји“, продолжила.
„Следниот чекор е лекарскиот преглед, утврдуваат дали девојките се девици. Кандидатките кои ќе го положат тестот се подложени на подетални лекарски прегледи, каде и најмалата маана – како што е рана на било кој дел од телото, е доволна причина за дисквалификација.
Секој имал свој специфичен вкус
Ким Џонг-II го осмислил „Одред за задоволство“ уште во 1970-тите, објаснува Парк.
„Мислел дека ’доколку изберам неколку убави девојки и ги однесам кај мојот татко Ким II-Сунг, ќе биде многу задоволен‘“, раскажала таа.
„Потоа избрал прекрасни жени и ги сместил во одморалиштето кое го посетувал Ким II-Сунг. Неговиот татко бил толку трогнат што неговиот син помислил на неговото задоволство, па тоа е и една од причините зошто го избрал за свој наследник.
Десет години подоцна, Ким Џонг-II креирал уште еден одред за лични потреби. Парк вели дека одредите и групите се менувале во текот на годините бидејќи диктаторите имале различни вкусови.
„Ким II-Сунг имал традиционален вкус за жени, бидејќи бил постар, па неговата група се викала „Electronic Pochonbo Ensemble“.
Ким Џонг-II својот го нарекол „The Wangjaesan Light Music Band“. Ким Џонг-II претпочиташе жени повисоки од 160 см“, зборувала таа.
Нивната единствена цел е да ги задоволат мажите
Ким Џонг-Ун има тенденција да избира „витки“ жени и фаворизира жени со „западен изглед“. „Се шпекулира дека неговата сопруга била член на Одредот за задоволство“, додала Парк.
Во рамките на „Одредот за задоволство“ има три различни дивизии. Првите се обучени за масажа, вториот оддел е специјализиран за пеење и танцување за забава на лидерот и неговиот внатрешен круг. Оваа група понекогаш настапува јавно како „The Moranbong Band“.
„Тие мора да бидат сексуално интимни со диктаторот и другите мажи. Мора да научат како да ги задоволат овие мажи“, тоа е нивната единствена цел.
Најубавите девојки се резервирани само за Ким, додека останатите членови на одредот треба да ги задоволуваат генералите и другите моќни луѓе.
Условите за живот во Северна Кореја се толку сурови што родителите често се среќни што нивните ќерки ги избираат за „Одредот за задоволство“, бидејќи тоа значи дека барем девојчињата нема да гладуваат.