Од полноќ, дизелот ќе има повисока за денар и половина и ќе се продава за 95,5 денари за литар. Екстра лесното поевтинува за половина денар и ќе се продава за 94 денари. Цената на бензинот од 95 октани останува 95,5 денари, а бензинот од 98 октани се продава за 98 денари. Мазутот поскапува.
Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 0,4 проценти како резултат на движењата на светските берзи и на курсот на денарот во однос на доларот.