Живо беше деновиве во дом за стари лица во Њујорк! Имено, кај нив пристигнал ненајавен посетител, ни помалку ни повеќе туку елен
Животното наеднаш прелетало низ прозорецот на одделот за рехабилитација на старечкиот дом во Џонсвотн и направило вистински хаос.
„Бев во друга канцеларија и си помислив – морам да го земам мобилниот, бидејќи никој нема да ми верува дека таму скокнал елен“, рекол директорот на установата за рехабилитација Бил Бетс, пренесува NY Post. .
Животното било видно исплашено и барало излез, но било збунето од многуте огледала во собата. Околу 10 минути подоцна, еленот успеал да побегне скокајќи низ друг прозорец.
За среќа, за време на овој краткотраен, но хаотичен настан, никој од лицата не останал во споменатата просторија.
„Сега можеме да се смееме на тоа. Но, во тоа време, фала му на Бога, немаше никој во одделот, ниту вработени, ниту пациенти“, рече Бетс.
Подоцна ја прифатиле шегата на своја сметка и на Фејсбук профилот на старечкиот дом објавиле „меме“ со фотографија од елен со опис „Каква недела… Среќен петок“.