Планинската велосипедска трка во Калифорнија за малку ќе завршеше трагично.
Станува збор за 128 километри долгата трка Bianchi Rock Cobbler што се протега низ некои од најтешките и бескрајни терени во западниот дел на САД. Иако трката се рекламира како трка која поминува низ чиста дивина, овој пат можеше да биде фатално.
Имено, див бик истрчал на патеката токму кога Тони Индербицин ја минувал. Животното прво го соборило од велосипедот, а потоа се нафрлило врз него. Ситуацијата брзо ескалирала, а минувачите викале во паника и неверување. Но, тие брзо реагирале и животот на велосипедистот бил спасен.
„Сè ме боли, најмногу вратот и горниот дел од грбот од второто фрлање, имам многу гребнатини и траги од удари… Не ме боли само левата рака и главата“, изјавил Индербицин во интервју за американските медиуми. . Тој додаде дека биле нападнати уште тројца велосипедисти, но тие поминале со полесни повреди.