Диви свињи ги преплашија граѓаните на Нов Белград, кои вчеравечер се шетаa по кејот Земун, кај трговскиот центар „Ушќе“. Дивите прасињата трчале по патеката која води кон хотелот „Југославија“, пишува Политика.
Еден случаен минувач вели дека додека трчал покрај патеката, тие одненадеж се појавиле пред него.
– Талкаа лево-десно низ паркот, изгледаа исплашени. Беа влажни, веројатно излегле од реката – вели тој.
Дивите свињи не се ретка појава во Нов Белград. Најголемите живеалишта на диви свињи во главниот град на Србија се наоѓаат на Големото воено острово во реката Дунав и на левиот брег на Дунав. Неодамна на социјалните мрежи се појави видео од диви свињи кои излегуваат од реката во близина на сплавовите зад хотелот „Југославија“, потсетува весникот.