Рускиот ракометар Тимур Дибиров имаше интервју за руските медиуми, во кое зборуваше за актуелната ситуација во европскиот шампион Вардар и за проблемите со кои се соочува македонската екипа. Поточно, вардаровото крило се отвори во интервјуто за руски „Гендбол“ и не беше оптимист околу судбината на актуелниот европски првак во следната година.
Димиров тврди дека финансиската состојба воопшто не е подобрена иако на прв поглед не изгледа така, заклучувајќи дека најтешките моменти за Вардар допрва претстојат.
– Иако се верува дека има подобрување во финансискиот дел, ќе кажам дека тоа не е така. Работите само се влошуваат. Ми изгледа дека нема излез од оваа ситуација, клубот ќе се соочи со многу лични проблеми, бидејќи на најголем дел од играчите им истекуваат договорите по крајот на сезоната. Со оглед на актуелната ситуација, нема логика да се зборува за продолжување на договорите и ниту еден играч нема започнато преговори за такво нешто. Изгледа дека пред Вардар се навистина тешки моменти, – изјави Дибиров за „Гендбол“
Инаку, според последните информации, нов стратег на Вардар ќе биде екс тренерот на Хемофарм Работник, Стевче Алушевски.