Холивудскиот актер Дејвид Духовни (64) на нашата публика ѝ е најпознат по улогата во сериите „Досиеја Икс“ и „Калифорникација“.
Отсекогаш ја имал таа доза на шарм поради која дамите ширум светот „паѓаат“ по него, но неговото срце го заробила младата Моник Пендлбери (31).
Разликата меѓу нив е дури 33 години.
Неодамна беа фотографирани во Њујорк на мирна прошетка, каде тој беше облечен лежерно додека таа носеше црн блејзер со фармерки и црни чевли.
Ова се ретки прилики кога може да се видат заедно бидејќи водат живот далеку од „рефлекторите“ на јавноста. Двојката почнала да се забавува во 2017 година, по разводот на Духовни од неговата сопруга, актерката Тиа Леони, со која има две деца – ќерката Вест и синот Кид, пишува „The People“.