Дејвид Бекам (48) на социјалните мрежи се пофали дека уживал на вечера во луксузен ресторан во Барселона, Шпанија. Поранешниот фудбалер дегустирал скапи, но и по малку бизарни деликатеси, а неговите обожаватели биле шокирани од цените на јадењата, пишува „Дејли мејл“
Во видеото кое беше споделено на социјалните мрежи, Бекам јаде ретка и скапа морска храна, додека менаџерот на луксузниот ресторан го храни како мало дете.
Покрај видеото, Бекам на својот инстаграм-профил сподели и фотографии од чинија со ретките морски школки, наречени „персебес“ (патка-школки), кои се познати како најскапите на светот.
Имено, нивната цена се движи околу 100 евра за оброк, а во чинијата добивате од 15 до 20 школки. Тие се многу ретки и тешко се наоѓаат. Поради нивниот необичен изглед, тие се нарекуваат и прстите на Луцифер, а растат на тешко достапни карпи покрај океанот.
„Едно од моите омилени нешта за јадење кога е сезона во Шпанија“, напиша Бекам.
Да потсетиме, пред само неколку месеци беше објавен документарен филм за популарниот фудбалер, во кој зборува за својот живот, фудбалот и љубовта со сопругата Викторија. Со оглед дека Бекам заработи 72 милиони фунти по објавувањето на овој документарен филм, не му претставува проблем да ужива во овие ретки деликатеси.