Светската фудбалска легенда Дејвид Бекам со неколку фотографии кои ги постави на Инстаграм се пофал како неговата ќерка Харпер е одлична во уметничко лизгање. Но, на една од нив, Бекам се бакнува во уста со ќерка му, што беше мета на критики од неговите следбеници. Нападите кон Бекам одеа дотаму што беше дури преставуван како педофил.
-Ова почува да изгледа на вистински Божиќ,-напиша тој под фотката.
“Сигурно си имал проблем со татко ти кога си бил мал штом ставаш ваква фотка“, “Очигледно не си бил сакан како мал“, биле дел од коментарите.
Инаку, Дејвид и Викторија Бекам често поставуваат слика на кои своите деца ги бакнуваат во уста. Според нив, таквиот чин е прекрасен и невин начин на покажување на љубов и нежност.
https://www.instagram.com/p/B5fTB9oh3tU/?utm_source=ig_web_button_share_sheet