Дејвид Бекам објави разголена реклама на својот Инстаграм профил за да го претстави својот нов парфем, а видеото за помалку од 24 часа од објавувањето собра повеќе од 440.000 лајкови.
На почетокот на рекламата, снимена од фотографот Кас Блекберд, 48-годишниот поранешен фудбалер лежи во кревет во откопчана бела кошула пред да позира без маица за да ги покаже своите мускули и тетоважи.
„Го претставувам мојот сосема нов парфем, „True Instinct“, пишува тој за снимката, која ги збесна фановите.
„Ммм, го сакам“; „Знае тој што прави“ „Ме освои со првиот кадар“; „Ова не е за слабо срце“ се само дел од бројните коментари.
Неговата сопруга Викторија Бекам за време на празниците објави фотографија од поранешниот фудбалер како го поправа телевизорот во долна облека, а обожавателите и се заблагодарија за објавувањето.