Светлана (37) е архитект од Русија од градот Перм, која неодамна одлучила да проба нов козметички третман.
Овој третман неодамна беше официјално одобрен во Англија и неколку други земји. Меѓутоа, наместо посакуваните резултати, Светлана вели дека остарела 10 години, и тоа е неповратно.
– Лицето ми се намали, собра, како да сум мумифицирана. Кожата ми виси како партал, се е одвоено од черепот. Таканаречените лигаменти на лицето исчезнаа, нема сврзно ткиво помеѓу черепот и моето лице – вели вџашената Светлана, додавајќи дека тоа и го уништило животот и кариерата, како што пренесува Daily Mail.
– Практично се распаѓам. Секој ден гледам нови знаци на распаѓање во огледалото. Лицето ми се топи и не можам да го спречам, а ниту докторите не знаат што да прават – вели таа.
А се’ започнало кога козметичарката и предложила да ги отстрани старите импланти од гел што ги ставила за лифтинг. Наместо тоа, таа и предложила инјекции на Лонгидаза. Тоа е руски производ кој неодамна беше одобрен во Англија и неколку други земји на Запад.
– Моето поранешно момче, на шега, ми рече дека се гледа дека сум остарела и дека ќе најде помлада. Затоа се согласив на тој третман – вели таа.
– Штом се покажаа страшните резултати од постапката, тој ме напушти. Тој „лек“ ми го уништи целиот колаген – вели таа.
Таа била подложена на процедурата во март 2020. година.
– Веднаш по постапката, кожата под очите ми попушти. Веќе наутро, последиците беа катастрофални и се се случуваше толку брзо. За три дена, се почна да виси – вели таа.
Подоцна сфатила дека Лонгидаза, алергенски кој има широка примена и главно се користи во третманот на лузни, практично го јаде ткивото. Она што таа не го знаела било дека ефектите од лекот се неповратни и дека не може да ја поправи штетата.
Светлана моментално е на суд, но има мали шанси да победи. На суд, таа покажала и видео испратено од козметичарката во кое таа вели: „Обиди се да докажеш дека ти инјектирав Лонгидаза“.
– Сето ова го велам за да ги предупредам жените. Немојте слепо да им верувате на козметичарките. Гледајте помалку Инстаграм и не слушајте луѓе што ви велат дека се гледа дека стареете. Подобро стареете достоинствено, учете од мојот пример – вели таа.
Извор: Daily Mail