Дечкото на пејачката Снежана Ѓуришиќ, гинeкологот Вања Милошевиќ очигледно не се опаметил по пораките што и ги испраќаше на анонимна девојка на Фејсбук.
Српски “Ало!” повторно дојде до нови пораки преку кои Милошевиќ не се срами да се открие што прави во кревет со неговата партнерка. Врв на бизарноста е барањето од девојката која ја заведува да го спои со познатиот српски топ модел Софија Милошевиќ, која многу му се допаѓала.
„Тој не само што не се опаметил туку постојано се обидува да ја заведе и оваа девојка, која потоа ја прашува и ја замолува да го поврзе со манекенката Софија Милошевиќ. Замислете, многу му се допаѓал нашиот познат модел, па од оваа девојка бара да му го даде нејзиниот број, ветувајќи и дека за возврат ќе добие се што посака“ – открива изворот.