По објавата дека македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев има бугарски пасош, со реакција во јавноста се огласи актерот Сашо Тасевски.
“Дечково сепак благонадежно блгарче си бил!!!
Кој е сега параноичен за знамето бугарско во неговиот спот и понижувањето што сакаа да ни го залепат???
Видовте сега со свои очи како изгледа пробугарска пропаганда?
Сашо Тасевски збори од инает, од што е фрустриран, така?
Да сум јас власт ќе наредам да го приведат заедно со авторите на спотот. Зашто веројатно намерно провоцирале и со наши пари ширеле бугарски шовинизам и експанзионизам.
Без разлика што го отсекоа тој дел од спотот, таа песна не смее да ја претставува Македонија на Евровизија.
Уште сме прости и глупи по вашите граЏански стандарди.
Гледате сега колку самите сте наивни и колку не разбирате? Или се преправате дека не разбирате?
Мрш! – коментира Тасевски.