Гевгеличани се сплотија да помогнат во собирањето средства за лекување на 14 годишната Луна која се бори со сколиоза, која е во последен стадиум, објави телевизијата Канал 5.
Марија која има само 11 години, инспирирана од нејзината врсничка Нина во Србија, која продаваше крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот татко, од вчера го прави токму истото – продава крофни и лимонада за помош на другарчињата. Нејзе и се приклучија и хуманите Петар и Силвија, кои исто така, имаат свој штанд на плоштадот, каде продаваат слатки за да и помогнат на Луна.
Во саботата на плоштадот имало многу сограѓани, кои дошле да купат слатки. Мајка и на Марија вели дека се изненадени од хуманоста и дека крофните се распродале како алва. Мајката на малата Луна, вели дека е бескрајно благодарна за гестот на трите дечиња.