Само што го отворија, почнаа проблемите во Дино паркот. Имено, дел од љубопитните деца ја користат секоја можност додека се во паркот за да се приближат до диносаурусите и да им ги допрат главите, забите. Некои се обидуваат да им извлечат заб, да откорнат малку земја од „вулканот“ кој е поставен таму, а за подобра фотографија што подоцна ќе ја објават на социјалните мрежи, неретко ги качуваат и децата на грбот на диносаурусите и така ги сликаат.
За да биде сликата уште подраматична, на социјалните мрежи се појави и фотографија на која дете моча среде Дино паркот.
-Ајде сине измочај се до диносаурусот, ти е гајле. Ако треба и искакај се, ти си принцот наш, тато се ќе ти дозволи. За тебе нема правила. Мочај кај сакаш. Еден ден и на тато ќе му се измочаш на глава, ама ако… Ај па ти за еден парк и за еден диносаурус. Нека си моча детето кај стигне. Не бе дечки, дај преселете го парков негде надвор од балканов кај што има цивилизација. Дали ние сме одраз на здраво општество? Не. Нема ни да бидеме. Овде и Дарвин и Фројд би дигнале раце, – пишува во објава на Фејсбук.
Comments are closed.