Во Шведска синоќа се случило страшно злосторство во кое едно дете е повредено, а друго е убиено.
Станува збор за деца помлади од 10 години, кои синоќа биле пронајдени пред зграда во западниот дел на Стокхолм. Едното дете починало, а другото е тешко повредено и е во животна опасност, пишува „Скај њуз“.
Полицијата соопшти дека децата биле избодени со нож во станот, а потоа фрлени од балконот. Жена и маж се уапсени под сомнение за убиство и обид за убиство, а двајцата се поврзани со децата. Повреден е и еден од возрасните.
Полицијата добила повик од Хаселби во Стокхолм околу 21:45 часот по локално време. Случаен минувач ги нашол децата на земја пред зградата.