“ДЕЦА, ВЕ МОЛАМ ИЗВИНЕТЕ”: Бритни Спирс за инат на синовите повторно се соблече топлес (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бритни Спирс (40) се врати на Инстаграм, откако се исклучи од оваа социјална мрежа пред десетина дена. И во нејзин стил – објави уште едно видео со танц во топлес.

Пејачката се појави во долна облека без градник и ги покрива градите со долгата коса и со шапка.

„Деца, ве молам извинете, но ќе продолжам да се занимавам со социјалните мрежи. Жал ми е што се чувствувате како да го правам ова за да привлечам внимание. Жал ми е што се чувствувате вака. Но, знаете што? Имам новости за вас. Јас сум Божјо дете, како и сите ние што сме во божјите очи, па не, не ми е жал. Научив да го кажам тоа што го мислам!“ – стои во описот на видеото.

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, изјави дека нивните заеднички синови, 16-годишниот Шон и 15-годишниот Џејден, не сакаат да комуницираат со неа поради објавување на сомнителни содржини на нејзините социјални мрежи. Сепак, ова не ја спречува пејачката да продолжи со провокации.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com