Ринге, ринге раја“ е песна што речиси секој од нас ја пеел кога сме биле мали. Со неа си игравме, пеевме, се смеевме… многу луѓе сè уште им ја пеат на своите деца, но вистината зад неа е сѐ освен фикција.
Иако веќе некое време се пее во изменета верзија, оригиналот е крајно мрачен и бизарен.
„Ring“ на англиски значи прстен или круг, а првиот стих во оригиналниот англиски „Ring of Roses“ укажува на првите симптоми на чумата – црвени прстени на кожата.
Првично, песната изгледала вака:
“Ring-a-ring o’ roses, A pocket full of posies, A-tishoo! A-tishoo! We all fall down.
Cows in the meadows Eating buttercups A-tishoo! A-tishoo! We all jump up.”
Во превод:
„Направете круг од рози, наполнете ги џебовите со цвеќиња, А-пчих! А-пчих! Сите паѓаме.
Кравите на ливадата јадат путерчиња! А-пчих! Сите скокаме!“
Значи, во англиската верзија не се спомнува чичко Паја, јајца и клекнување.
Тоа е злобна болест која убивала деца. Затоа текстот вели: прстен од рози, џеб полн со букети, а-пчих, сите паѓаме…