Додека многу деца критиката во врска со недоличното однесување ја прифаќаат, некои почувствителни деца ваквиот настап на родителите може да го доживеат како личен напад и со задоволство да се пожалат некому. Едно дете отишло дотаму што се јавило на бројот за итни случаи.
Според една објава на социјалните мрежи, едно седумгодишно дете, веројатно по кавгата со родителите, посакало да има ново семејство и да се пресели на друго место. Тоа го спремило куферот и заедно со братчето и сестричето го пречекало полицаецот на вратата.
Мајката во позадина го снимила разговорот со полицаецот, каде детето се обидува да објасни зошто сака да го напушти домот. Полицаецот сфаќа дека детето било немирно и дека со својата постапка би можело да ја доведе во прашање безбедноста на семејството.
– Ова не е првпат син ми да го спакува куферот и да одлучи да замине. Тој се обиде да направи нешто што го прават другите деца во своите домови и да ги тестира нашите граници – објаснила мајката во едно од видеата.
Корисниците на мрежата беа збунети од оваа ситуација:
– Тој веќе се спакувал –
– О, Боже, дали навистина замина?
– Изгледа дека не ви верува…
– Јас би му рекла на полицаецот да го стави два часа во „чекалница“-
– Ако е во Шведска, сигурно ќе го земат – коментирале луѓето на мрежата.
Иако детето со плачење се обидува да го истера „своето“, полицаецот сепак успева да го наговори да ги остави работите и да продолжи да си игра со братот и сестрата.
Со оглед што некои корисници на Тикток ги прозвале родителите дека го злоставуваат детето и дека тоа не им верува, мајката во една од своите објави објаснила дека тие како родители ја ставиле ситуацијата под контрола и дека полицискиот службеник си заминал. Детето подоцна разговарало со родителите за тоа што го сторило, добило казна и забрана за видеоигри извесно време.