Семејството на Квајден Бејлс од Австралија, 9-годишното дете кое беше малтретирано поради џуџестиот раст и кое сакаше да умре, одби да патува во Дизниленд и собраните над 700.000 долари ќе ги донира во хуманитарни цели – пишува Дејли Мејл.
Квајден Бејлис стана познат пред неколку дена кога мајка му објави видео од деветгодишното момче со цел да го актуелизира пpоблемот за врсничкото нacилство. Во видеотo таа изјави дека нејзиниот син се обидел да си го одземе живoтот.
„Ова се поcледиците од врсничкото нacилство“, рече таа во видеото. „Ве молам, едуцирајте ги вашите деца, семејства и вашите пријатели“
Видеотот имаше над милион прегледи, по што Бејлс доби огромна поддршка од целиот свет, но и илјадници долари за да може да го посети Дизниленд.
Поточно, повеќе од 20.000 донатори од целиот свет собраа дури 723.000 долари. Но, неговото семејство го одби патувањето, и одлучи парите да ги донира во добротворни цели како би продолжила борбата против малтретирања и самоубиства.
-Сакаме парите да одат во организациите на кои навистина им се потребни. Тие ќе знаат на што да ги потрошат – изјавила тетката на Квајдис, Мунданара.