“ДЕТЕТО УМРЕ, ЗА ТОА ДЕТЕ НЕКОЈ ЌЕ МОРА ДА ОДГОВАРА“: Жител на Петриње 40 минути го оживувал 12-годишното девојче (ВИДЕО)

by Тони Зографски

-Ова падна на неа, овој дел од куќата. Повеќе од 40 минути се обидував да ја оживам. Немаше итна помош, затоа за тоа дете мора некој да одговара, верувајте ми. Ја познавав, верувајте ми некој ќе одговара. По 40 минути стигна брзата помош. Девојчето пред пет дена славеше роденден – изјавил Динко Радучевиќ од Петриње кој денеска го погоди силен земјотрес од 6,2 степени.

-Бројаници и ставив околу вратот. Ја барав својоата ќерка, ја најдов. Дојде итната помош и замина, и го држев пулсот. Ово е тежок ден, многу тежок, – рекол Радучевиќ.

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ се огласи на хрватската национална телевизија.

Катастрофа. Ова нема никаква врска со животот или реалноста. Целиот мој град е уништен. Извлекуваме мртви деца, луѓе. Едноставно, не може да се опише, ова е како Хирошима. Немам половина град”, започна Думбовиќ, а потоа продолжи да ја опишува ситуацијата во Петриња.

– Јас сум во центарот на градот, пред мртва девојка која почина и чекаме помош. Бараме да дојдат сите можни пожарникари, потребни ни се сите можни пожарникари и стручна помош. Не знаеме што има под урнатините, имаме многу стари куќи од 19 век, кои се во центарот на градот, каде што можеби престојувале баби и дедовци. Сега извадивме еден дедо каде му падна целиот покрив. Извадивме четиригодишно дете, ова веќе не е живот. Ова нема никаква врска со тоа. Градот беше уништен и веќе не е можно да се живее во него , рече шокираниот Думбовиќ.

Инаку, снимките што доаѓаат од овој град во Хрватска замрзнуваат крв во вените, а најшокантна е онаа каде што се слушаат плач на мајката на детето кое починало во урнатините.

Драматичната сцена се одвива и пред целосно демолирана зграда, каде што во моментот на земјотресот имало двајца статичари на таванот, кои ги пресметувале вчерашните земјотреси во Хрватска.

Во овој момент се трага по урнатините и се борат за животот на овие две лица.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com