Сафет Бајрами, еден од двајцата повредени полицајци во сообраќајката кај обиколница, како што пренесува 24 инфо, им подлегнал на повредите. Бајрами бил дел од патролата на собраќајната полиција, која настрада вршејќи ја должноста на патот, а во овој сектор дошол пред само два дена, кога и добил решение за работа во автопатска полиција.
Инаку, несреќата се случила кога патролата запрела возило Бе-ем-ве со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот БМВ.